Заев - Меѓународната заедница ќе каже дека нема услови за избори на 24 април

Претседателот на СДСМ Зоран Заев

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев вели дека е апсолутно јасно дека меѓународната заедница утре ќе соопшти оти не се исполнети условите за фер и демократски избори на 24 април. Тој ова го кажа по средбата со лидерот на Беса, Билал Касами во Скопје. Според Заев, избирачкиот список не може да се прочисти до 5 март за изборите да бидат во април и оти СДСМ на такви избори нема да учествува. Заев вели дека власта нема да си дозволи да оди на избори сама и оти ѝ е јасно дека опозицијата нема да ги гледа таквите избори на телевизија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, пак, промовирајќи проекти за младите, рече дека СДСМ и Заев се плашат од избори, зашто се плашат од одговорот на граѓаните.

Премиерот Емил Димитриев претходно рече дека засега не гледа ниту една причина датумот за избори да биде дискутабилен.