Јункер убеден дека ќе се најде договор со Велика Британија

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер дека е „прилично убеден“ дека лидерите на земјите од ЕУ може да постигнат договор со Велика Британија за нејзиното идно членство во Унијата. Јункер ова го кажа денеска, додека се очекува лидерите од ЕУ во наредните два дена да постигнат договор со британскиот премиер Дејвид Камерон за да може да го промовира останување на неговата земја во Унијата на референдумот во 2017 година.

Самитот во Брисел е кулминација на неколкунеделните преговори за реформите предложени од претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, за да се избегне потенцијалното катастрофално излегување на една од клучните членки на ЕУ од Унијата.

Камерон се соочува со евроскептиците во неговата земја со тоа што притиска Велика Британија да остане во ЕУ, ако таа направи реформи што ќе значат поголема моќ на одлучување на поединечните земји-членки.

Официјални претставници на ЕУ за Радио Слободна Европа изјавија дека во изминатите неколку денови и недели е постигнат значителен напредок кон постигнување компромис прифатлив за сите 28 земји-членки. Сепак, деталите од договорот треба да се усогласат од лидерите на средбата која може да трае до доцна ноќеска.