Истрага за перење пари против синот на Ердоган во Италија

Билал Ердоган, вториот син на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган

Против Билал Ердоган, вториот син на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, е покрената истрага во Италија под сомневање за перење пари, јави новинската агенција ДПА, повикувајќи се на судски извори. Билал Ердоган кој има 34 години, заедно со семејството, се пресели во Болоња во септември, поради, како што наведе, докторската дисертација на универзитетот Џон Хопкинс. Обвинителството во Болоња спроведува истрага за тврдења на турски бизнисмен дека синот на Ердоган пристигнал во Италија со многу пари кои најверојатно се добиени на нечесен начин, јавија италијански медиуми. Во декември Билал Ердоган ги отфрли тврдењата дека семејството има приходи од шверц на нафта од територија на Сирија и на Ирак кои се под контрола на ИД.