Србија ќе ги враќа имигрантите во земјите од каде што дошле

Хрватска во Србија врати 217 економски имигранти и тие по сите договори и процедури ќе бидат вратени во земјите од кои пристигнале во Србија, соопштија денеска претставници на српската полиција. Тие велат дека не се работи за бегалци од подрачјата зафатени со војна. Станува збор за луѓето кои за време на викендот Словенија ги вратила во Хрватска.