Прослава на независноста и антивладини протести во Косово

Почнаа антивладините протести во Косово, кои се одржуваат на осмата годишнина од прогласувањето на независноста на земјата. Во исто време се одржуваат прослави по повод денот на независноста и протести на опозицијата. Неколку илјади граѓани со албански знамиња се собраа пред Универзитетската библиотека во Приштина од каде ќе маршираат кон владата.

Ситуацијата е тензична и поради вчерашното апсење на членови и активисти на опозициското движење Самоопределување за кривични дела извршени пред неколку години.

Слични масовни протести се одржаа и на 9 јануари, но на крајот излегоа од контрола кога демонстрантите почнаа да фрлаат молотови коктели кон владата, што доведе до повеќечасовни судири со полицијата.