Русија - Турските напади во Сирија се „апсолутно беззаконие“

Руското МНР денеска соопшти дека турските артилериски напади во Северна Сирија се „апсолутно беззаконие“, пренесе БТА. Портпаролката на руското МНР Марија Захарова рече дека турските напади се знак дека Анкара не може да го преживее фактот дека тие реони се ослободуваат од терористи, екстремисти и од оние кои толку долго ги поддржуваше.

Захарова исто така рече дека Москва имала за цел да одржува конструктивни односи со Анкара, „поради што не ја обелоденувала јавно соработката на Турција со Исламска држава“.