Сирија дозволи помош во седум опколени градови

Обединетите нации соопштија дека сириската влада се согласила да дозволи пристап на хуманитарна помош во седум опколени градови. „Хуманитарните организации подготвуваат конвои за овие градови и тие ќе заминат во градовите што е можно побргу“, изјави претставник на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарната помош. Сириските власти дадоа зелено светло за помошта откако специјалниот пратеник на ОН за Сирија Стафан да Мистура престојуваше во Дамаск.