Ослободени тројцата киднапирани Американци во Ирак

Илустрација

Тројцата Американци, кои беа киднапирани во Багдад минатиот месец, се ослободени. Американскиот Стејт департмент го поздрави ослободувањето, оддавајќи и почит на ирачката владата за нивното безбедно враќање.Тројцата биле во добра здравствена состојба и биле предадени во американската амбасада во Багдад. Ирачките власти соопштија дека тројцата биле киднапирани од „сомнителен стан“, без да дадат детали, иако властите се сомневаа дека зад киднапирањето стои моќна шиитска милиција.