Блатер на сослушување во Цирих

Сеп Блатер и Мишел Платини

Долгогодишниот претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер, кој е суспендиран поради корупција, денеска беше на сослушување во седиштето на организацијата, за жалбата која ја поднесе до Етичкиот комитет. Исказ вчера даде и претседателот на Европската фудбалска федерација(УЕФА) Мишел Платини.

Сè уште актуелните први луѓе на ФИФА и УЕФА беа суспендирани осум години поради корупциски скандал, односно исплатата од страна на Блатер кон Платини на два милиони франци за советодавни улоги во периодот од 1999 до 2002 година, без притоа да биде потпишан договор. Двајцата очекуваат нивните жалби да бидат одбиени од Етичкиот комитет, по што, најавија барање правда кај Арбитражниот суд во Лозана. Одлуките по жалбите на Блатер и Платини се очекуваат кон крајот на неделава.