Русија го поздрави укинувањето на санкциите против Белорусија

Русија ја поздрави одлуката на министрите за надворешни работи од ЕУ за укинување на санкциите против Белорусија, што беа воведени поради кршење на човековите права и повреди на демократијата. Министрите од ЕУ вчера се согласија претседателот Александар Лукашенко и 170 други Белоруси, како и белоруските компании да се тргнат од црната листа на ЕУ на луѓе и фирми на кои им се замрзнуваат средствата во Унијата и имаат визна забрана. Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков денеска рече дека гледаат многу позитивно на ваквиот развој и оти ова уште еднаш ја покажува „апсолутно бесмислената природа на санкциите“. Руски претставници и компании исто така се соочуваат со економски санкции од ЕУ, САД и други земји поради руската вмешаност во кризата во источна Украина.