Бразилските власти му конфискуваа авион и јахта на Нејмар

Бразилскиот фудбалски репрезентативец и член на Барселона, Нејмар, остана без своите авион и јахта, откако властите во таа земја му ги одземаа поради обвиненија за даночно затајување во периодот додека играше за Сантос. Локалните медиуми објавија дека Нејмар е осомничен за затајување данок во периодот од 2011 до 2013 година. Ова е дополнителен проблем за бразилската ѕвезда, бидејќи и во Шпанија се води судскиот процес против него за затајување данок при преминување во Барселона.

Затворањето на границите не е одговор на проблемите и секој треба да го сфати тоа, изјави денеска лидерот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија Кирјакос Мицотакис. Тој, исто така, ја обвини Владата дека има „чуден и аматерски“ став во однос на мигрантската криза.