Се запали барокната фасада на ЕВН и ЕЛЕМ

Запалена поранешната зграда на ЕВН и пожарникари

Изутрината избувна пожар во зградата на ЕВН и ЕЛЕМ на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје. Од огнот беа зафатени внатрешните простории на зградата и недовршената фасада.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Гореше фасадата на зградата на ЕВН

За сега не се познати причините за пожарот, ниту пак, дали има повредени. На терен дојдоа 6 пожарникарски возила кои за кратко време го изгасија пожарот на фасада а потоа влегоа внатре да го гасат пожарот кој зафати дел од просториите.

Инаку, од неодамна вработените во ЕВН се преселени во нови простории поради градежните зафати околу поставувањето на барокната фасада.