Асад: предложеното примирје е тешко остварливо

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека е тешко да се спроведе меѓународно поддржаното примирје во Сирија. Тоа беше договорено од светските сили во минатата недела во Минхен и предвидува прекин на непријателствата во текот на оваа недела. Според Асад, никој не е способен да обезбеди услови за спроведување на примирјето. Тој додаде дека секоја политичка транзиција во земјата мора да биде според постојниот устав на Сирија. Во Дамаск престојува специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија Стафан да Мистура. Според ОН, во вчерашните воздушни напади врз неколку болници на северот на Сирија загинале најмалку 50 луѓе.