Времето денеска: променливо облачно и ветровито

Во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од шест до 11, а дневната од 17 до 23 степени. Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 21 степен.