Нема притвор за Исмет Гури

Основен Суд 1 во Скопје

Основниот суд Скопје 1 денеска го сослуша членот на Општинската изборна комисија Чаир од 2013 година, Исмет Гури, кој е еден од осомничените за местење избори во истражната постапка Титаник на Специјалното обвинителство. Судот соопшти дека ниту на Гури не му бил одреден притвор, туку само мерки на претпазливост.