Ушковски: СЈО изврши влијание врз судството

Специјалното јавно обвинителство на одржаната прес-конференција пред неколку дена се послужи со спектакуларни изјави сè со цел да изврши влијание врз судството, изјави денеска претседателот на Судскиот совет Бранко Ушковски. Тој тоа го кажа на тркалезна маса во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. Тој смета дека со посочувањето на функциите на осомничените е повредена презумпцијата на невиност. Тој рече дека за никој судија досега не е побарано симнување на имунитет, ниту пак за некој судија е оформен предмет во судот. Во врска со последните, како што наведе, инсинуации за формирање специјални судови, тој рече дека Уставот забранува такво нешто.