Украина забрани транзит на руски камиони

Украина им забрани влез на руските товарни камиони да влегуваат во земјата, еден ден откако Москва воведе слична забрана за украински камиони. Премиерот Арсениј Јацењук денеска во Киев рече дека Украина привремено ги суспендира транзитните дозволи за товарни возила со руски регистрации. Москва ја воведе забраната вчера, како одговор на инцидентот од 11 февруари во кој украински националисти ги блокирале руските камиони кои сакале да влезат во земјата од Белорусија.