ОБСЕ: борби во источна Украина

Борби меѓу сепаратистите поддржани од Русија и владините сили повторно избувнуваат во источна Украина, а хуманитарната ситуација е „страшна“. Ова го оцени генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер во интервју за Радио Слободна Европа. Според него, завојуваните страни го вратиле тешкото оружје поблиску до линијата на фронтот, а сепаратистите изведувале воени активности и вежби под закрила на ноќта. „Примирјето не се одржува како што би сакале. Тоа е за жал активен конфликт“, вели Заниер.