Обама и Путин разговарале за Сирија и Украина

Американскиот претседател Барак Обама му ја истакнал на рускиот претседател Владимир Путин важноста на конструктивната улога што Москва ќе ја има ако ги прекине воздушните напади врз силите на умерената опозиција во Сирија. Белата куќа соопшти дека Обама ова му го порачал на Путин за време на телефонскиот разговор во кој била нагласена и неопходноста од итно доставување хуманитарна помош на жителите на опколените градови во таа земја. Кремљ соопшти дека Путин ја истакнал потребата од создавање обединет меѓународен фронт против глобалниот тероризам. Двајцата лидери разговарале и за ситуацијата во источна Украина.