Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска во Прага ќе учествува на вонредниот Самит на земјите од Вишеградската група. На самитот ќе учествуваат премиерите на Чешка, Полска,Унгарија и Словачка, а предвидено е и учество на премиерот на Бугарија. Централни теми на Самитот се предизвиците од мигрантската и бегалската криза и начините за справување со нив. Претседателот Иванов ќе оствари средба и со чешкиот претседател Милош Земан.