ОН - Над 11 илјади убиени цивили во Авганистан

Обединетите нации соопштија дека повеќе од 11.000 цивили се убиени или ранети во насилства во Авганистан во 2015 година, што претставува најмногу жртви во последните неколку години. Во извештајот објавен денеска, ОН соопшти дека бројот на цивилни жртви се зголемил за 4 отсто во однос на 2014 година, а дека 25 проценти од жртвите биле деца, а 10 отсто се жени. Во извештајот се вели дека борбите и терористичките напади во урбаните средини се главни причини за зголемениот број цивилни жртви.