Турција продолжува со бомбардирање на Курдите во Сирија

Турската армија денеска продолжи да ги бомбардира позициите на Курдите во северна Сирија, соопшти сириската опсерваторија за човекови права.

Турските сили ја гранатираа базата Миниг и реонот околу местото Дејр Џамал, при што, како што јавија агенциите, загинале неколкумина курдски борци, а над десет се ранети. Претходно, Сирискиот центар за мониторинг на човековите права соопшти дека при овие напади загинале најмалку две лица,

Вчера турската армија ја нападна базара Миниг и реонот околу градот Азаз, кој се наоѓа на 10 километри од сириската граница со Турција.