Во Грција уапсени тројца криумчари на оружје

Грчките власти денеска соопштија дека во близна на границата со Турција уапсиле тројца британски државкани со ирачко потекло, под сомнение дека планирале да криумчарат оружје во Турција.

Претставник на грчката полиција изјави дека тројцата мажи, на возраст меѓу 20 и 30 години, биле уапсени синоќа во близна на грчкиот пристанишен град Александрополис.

Упасените, кои се родени во Ирак, но имале британски патни исправи, патувале со кампинг-возило, во кое биле пронајдени „над 10 огнени оружја и повеќе од 20.000 куршуми“.

Аномимниот полициски претставник соопшти дека имињата на уапсените не фигурурале на ниту една листа на осомничени терористи или криминалц