Нема промена на мисијата на САД во Авганистан

Командантот на меѓународните сили во Авганистан,Џон Кемпбел изјави дека американските сили нема да имаат aктивна улога во борбата против Талибанците. Генерал Џон Кемпбел кажа дека нема да има промени во мисијата на САД и покрај веројатноста дека претстои уште една тешка година на борби. Американските специјални сили им помагаа на авганистанските сили кои беа вклучени во борбите во јужната провинција Хелманд. "Мисијата не се промени", изјави Кембел пред новинарите во Кабул, додавајќи дека веројатно тоа е неговата последна прес-конференција пред предавањето на должноста на генерал-полковник Џон Николсон во март. Но, тој рече дека американските сили ќе бидат во можност да се бранат и да побараат воздушна поддршка ако е тоа потребно.