Кери утре во Тирана

За безбедоста на американскиот државен секретар Џон Кери, кој утре ќе престојува во посета на Тирана, ќе се грижат над 1.500 полицајци, а ќе биде забранет и сообраќајот на многу улици низ албанскиот главен град, јави дописникот на МИА.

Освен полицајци, за безбедност на американските гости ќе се грижат и припадници на албанската армија, вклучувајќи ја и гардата, како и на албанската тајна служба ШИШ и на безбедносни служби од САД. Од воздух за време на престојот на Кери состојбата ќе ја набљудува воен хеликоптер.

Шефот на американската дипломатија кој изутрината ќе допатува во Тирана ќе има средби со алабанскиот претседател Бујар Нишани и со премиерот Еди Рама,а високиот американски гостин ќе се сретне и со лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша.