Судот ги отфрли барањата за притвор на СЈО

Основниот суд Скопје 1 информираше дека судијата на претходна постапка кој вчера ги распитуваше осомничените за изборна криминализација меѓу кои и градоначалникот на Пустец – Едмонд Темелко и екс-министерот за транспорт Миле Јанакиески не побарал притвор за ниту еден од испитаниците.

Од сослушаните четворица осомничени, Судот оценил дека се одбива предлогот за притвор за сите, а за Темелко определена е превентивна мерка, јавување во Судот во Ресен еднаш неделно, поради здравствената состојба на лицето.

По однос на другите три лица одлуката на судија на претходна постапка е дека предлогот се одбива. Причините за оваа одлука се наведени во образложението, за кој е дозволена рок за жалба во рок од 24 часа и со оглед на тоа дека не се правосилни не може дополнително да се коментира, а кога ќе бидат правосилни ќе бидат објавени на страната на судот.

Од судот соопштуваат дека од понеделник на распит ќе треба да се појават уште петмина осомничени, меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи. За нив адвокатите приложиле авионски билети како докази дека се на пат.


Судскиот распит за Јанакиески и Темелко и уште двајца осомничени вчера, следуваше откако специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим побараа притвор за осум лица и итно приведување на еден од нив поради изборна криминализација во рамките на првата акција на Специјалното обвинителство, наречена „Титаник“и за едно лице во истрагата за предметиот „Чаир“.