Франциско и Кирил повикаа на запирање на верските насилства

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско и поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, синоќа во Хавана потпишаа заедничка декларација за религиозно единство, и повикаа на итна акција за да им се помогне на христијаните во Ирак и во Сирија.

"Ја повикуваме меѓународната заедница за итна акција за да се спречи протерувањето на христијаните од Блискиот Исток. Во Сирија и во Ирак, насилството веќе однесе илјадници животи и остави милиони луѓе без покрив над главата", наведоа двајцата поглавари.

Во декларацијата потпишана по средбата која траеше околу два часа, се повикува на мир во Сирија, Ирак и Украина, а Европа да ја зачува верата во нејзините христијански корени.