Блокиран граничниот премин „Богородица“

Од 10 часот утрото таксисти и автопревозниците од Гевгелија го блокираа автопатот кон граничниот премин „Богородица“. Како што извести АМСМ, блокиран е сообраќајот за влез и за излез од Македонија кон Грција.

Таксистите и автопревозниците веќе со денови го блокираат овој премин барајќи и тие да ги превезуваат бегалците кои од Грција влегуваат во земјава.