Мигрант убиен од струен удар во Србија

Илустрација

Непознат маж, за кого се претпоставува дека е имигрант, кој се качил на вагон на железничката станица во Суботица, денеска околу 11.30 часот е убиен од струја, соопшти Српска железница.

Комисијата за вонредни настани е на самото место на настанот и увидот е во тек, а сообраќајот е во прекин додека не се заврши увидот, пренесува Танјуг.

Како што се наведува, мажот се качил на товарен воз кој тргнал кон државната граница со Унгарија и тогаш влегол во опасна зона, на 2,4 метри висина, каде има напон од 25 илјади волти.