Бејли: Македонија реагира на бегалската криза како секој

Државите на бегалската рута се соочуваат со два различни проблеми, одговорноста да се пружи хумана помош на бегалците и легитимната потреба да се обезбеди контрола на границите. Сметам дека Македонија го прави тоа што секоја држава би го направила како реакција на овие работи, изјави денеска амбасадорот на САД Џес Бејли.

Тој денеска во магацините на Црвениот крст на Град Скопје во Момин Поток присуствуваше на предавање на донација од генератори, зимски шатори, вреќи за спиење, ќебиња и друга опрема во вредност од 300 илјади долари од Министерството за одбрана на САД наменета за транзитните центри за мигранти.