Антидампинг давачки за руски челик во ЕУ

ЕУ воведе антидампинг давачки за увоз на ладно валани челични производи кои се увезуваат од Кина и од Русија. Еврокомесарката за трговија Сесилија Малстром денеска рече дека ЕУ не може да дозволи нелојална конкуренција со вештачки евтин увоз кој ѝ се заканува на европската индустрија. Руските производители на не’рѓосувачки челици сега се соочуваат со давачки од 26,2 проценти. Овие антидампинг мерки се со рок од шест месеци, но може да бидат продолжени. Европскиот челичарски сектор се соочува со засилен притисок од преголемото светско производство и меѓународната конкуренција. Руските производители реагираат дека новите давачки се спротивни на правилата на Светската трговска организација и дека ги продаваат нивните ладно валани челични производи во ЕУ по пазарни цени.