Уапсени 97 милитанти во Пакистан

Пакистанските власти соопштија дека уапсиле 97 милитанти од три забранети организации во пристанишниот гад Карачи. Армијата денеска соопшти дека милитантите биле уапсен во изминатите три месеци. Уапсените, кои биле задолжени за координација на логистиката и планирањето, се обвинети за вмешаност во повеќе напади врз пакистански воздухопловни бази, главниот аеродром и врз полициски објекти. Некои од уапсените била во напредна фаза од планирањето напад врз затворот во Хајдерабад во кој требало да биде ослободен Халид Омар Шеик, кој во 2002 година го киднапираше и го уби американскиот новинар Даниел Перл. Милитантите исто така планирале да убијат 35 затвореници.