НАТО го зајакнува источното крило

Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО ги одобрија плановите за зајакнување на источното крило на Алијансата. Зборувајќи денеска, во пресрет на дводневните разговори на министрите во Брисел, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека јакнењето на присуството на НАТО во Полска и во другите сојузници што се блиску до Русија „ќе испрати јасен сигнал“.

Столтенберг рече дека мултинационалниот состав на новите сили ќе се ротира во членките од Источна Европа, но оти нема да биде стациониран таму.

Планот предвидува и распоредување воена опрема и нова инфраструктура, но сè уште не е познато што е одлучено за овие прашања.