Прво реформи во Украина, па после пари од ММФ

Шефицата на ММФ Кристин Лагард ѝ порача на Украина дека мора да ги спроведе ветените реформи и да ја искорени корупцијата или ризикува губење на поддршката од оваа финансиска организација. ММФ е главен извор на финансирање на речиси банкротираната Украина. Организацијата има програма за помош на земјата од 17,5 милијарди долари, под услов владата да спроведе економски реформи и да поведе борба против корупцијата. Украинската министерка за финансии Наталија Јареско пред два дена соопшти дека ММФ ја паузирал помошта за Украина сè додека не стане јасно дали владата ќе преживее по минатонеделната оставка на министерот за економија.