Москва против американски противракетен систем во Јужна Кореја

Илустрација

Москва предупреди дека распоредувањето на софистицираниот систем за противракетна одбрана на САД во Јужна Кореја „би можела да предизвика трка во вооружување“ во регионот и да „го комплицира решавањето на нуклеарниот проблем“ на Корејскиот Полуостров. Руското Министерство за надворешни работи денеска го обвини Вашингтон дека ги користи нуклеарните и ракетни тестирања на Пјонгјанг за да го прошири опсегот на својот систем за одбрана. Кина исто така смета дека распоредувањето на системот во Јужна Кореја ќе ја поткопа стабилноста на регионот. Јужнокорејски и американски претставници рекоа дека ќе почнат официјални разговори за распоредување на противракетниот систем за борба против растечката закана од Северна Кореја.