ЕУ е во лоша состојба, оценка на земјите основачи

Европската унија се соочува со критични времиња и сите нејзини членки би требало да ги остават настрана нивните себични интереси и да почнат да се справуваат со проблемите како тероризмот и бегалците. Ова го оценија министрите за надворешни работи на земјите кои ја основаа Унијата: Германија, Франција. Италија, Белгија, Луксембург и Холандија. Тие се состанаа во Рим каде што во 1957 година беше потпишан основачкиот акт на ЕУ. „Загрижени сме за состојбата во која се наоѓа европскиот проект“, се наведува во нивното соопштение.