Врховниот суд го блокира Обама за климатските промени

Американскиот Врховен суд го блокира главниот дел на стратегијата на претседателот Барак Обама во борбата против климатските промени. Во многу невообичаен потег, Судот со пет спрема четири го прифати барањето на 27 сојузни држави и бизнис групи да го блокира планот за намалување на испуштањето јаглерод диоксид од термоцентралите. Судот реши овој план да биде одложен.