Давутоглу: Светот да го крене гласот против руските напади во Сирија

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска ја повика меѓународната заедница да го крене гласот против „немилосрдното бомбардирање на цивилни мети“ на Русија во Сирија.

„Русија на крај ќе се повлече од Сирија со наведната глава од срам, слично како што советските сили своевремено се повлекоа од Авганистан“, изјави Давутоглу пред пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот, додека во исто време десетици илјади Сиријци чекаат за влез во Турција.

Турција досега има примено 2,5 милиони сириски бегалци.

Давутоглу наведе дека Турција не ја затворила границата за бегалците, иако засега не дозволува нивен влез.