Нема промени на угнетувачките закони во Белорусија

Специјалниот известувач на ОН за состојбата со човековите права во Белорусија, Миклош Харашти

Специјалниот известувач на ОН за состојбата со човековите права во Белорусија, Миклош Харашти, предупреди дека „нема промени“ во земјата во однос на „угнетувачките закони и практики“ од претседателските избори во октомври.

„Властите не прекинаа со систематското малтретирање на сите оние кои се обидоа да ги практикуваат своите индивидуални, граѓански, политички и други права и покрај делумното укинување на санкциите од ЕУ и од САД, донесени во очекување на понатамошно унапредување на човековите права“, рече известувачот, кој додаде дека белоруските власти не покажале подготвеност за промена на угнетувачкиот правен систем.

Харашти смета дека претстојните парламентарни избори во септември ќе бидат можност за властите да ја покажат „нивната посветеност на реформите“.