Ирачките сили ја вратиле контролата врз Рамади

Ирачките сили соопштија дека ја вратиле контролата врз територијата околу градот Рамади на западот на земјата, кој досега беше држен од Исламската држава. Повторно е отворен патот од Рамади до базата Хабанија, каде што се стационирани американските сили и до главниот град Багдад. Ирак во декември објави дека ја вратил контролата врз Рамади, кој е главен град на провинцијата Анбар, но борбите со милитантите на Исламската држава продолжија во источните предградија на градот. Со ова владините сили се приближуваат кон упориштето на Исламската држава, Фалуџа, која е опколена од владините сили и од иранските шиитски милиции.