Богородица затворена два часа, Меџитлија цел ден

Архивска фотографија

Поради штрајк на грчките земјоделци во целосен прекин од денеска напладне е сообраќајот на граничниот премин „Богородица“. Блокадата, како што соопшти Авто-мото сојузот на Македонија, ќе трае до 14 часот. Од девет часот изутрина целосно е затворен за сообраќај и граничниот премин Меџитлија, каде блокадата е најавена до 22 часот.