Ирак се подготвува за воена акција во Мосул

Ирачката армија распоредува илјадници војници на северот на земјата за повторно освојување на градот Мосул од милитантите на Исламската држава. Војниците, како што наведуваат ирачки воени извори, биле тренирани од сојузничките сили во близина на Багдад. Милитантите на Исламската држава го освоија Мосул, втор најголем град во Ирак, во јуни 2014 година. Ирачките власти и претходно ветуваа дека ќе ја вратат контролата врз овој град, но тоа беше неколку пати одложувано.