Ослободен дописникот на РСЕ во Киргистан

Дописникот на Таџикистанскиот сервис на Радио Слободна Европа кој беше приведен од граничари на Киргистан Масуми Мухамадраџаб бил ослободен по осум часовен притвор. Тој беше испратен на границата за да известува во врска со спорот откако киргиски граничари поставиле национално знаме на приватна куќа која била на територија на Таџикистан. Во последниве години растат тензиите на границата меѓу двете земји.