Истребување на затвореници во Сирија

Истражителите на ОН соопштија дека илјадници затвореници умреле во сириските затвори во изминативе 4,5 години, како резултат на политиката на „истребување“, која претставува воено злосторство. Во извештајот објавен денеска, Истражната комисија на ОН го повика Советот за безбедност на ОН да воведе „таргетирани санкции“ кон сириските претставници одговорни или соучесници за смртта, мачењата и исчезнувањата во притвор и да се поведе постапка пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг. Сепак, во извештајот не се наведува ниедно име.