Одложени разговорите Русија-Грузија

Специјалниот пратеник на грузискиот премиер за односи со Русија, Зураб Абашиѕе и рускиот заменик министер за надворешни работи Григориј Карасин

Разговорите меѓу Грузија и Русија за нормализирање на билатералните односи се презакажани за средината на март. Специјалниот пратеник на грузискиот премиер за односи со Русија, Зураб Абашиѕе и рускиот заменик министер за надворешни работи Григориј Карасин требаше да се сретнат овој месец во Прага. Абашиѕе денеска рече дека разговорите се одложени поради „технички проблеми“, но не даде други информации. Разговорите за подобрување на затегнатите односи меѓу двете земји почнаа во декември 2012 година во Женева. Двајцата политичари оттогаш се сретнаа во Прага неколку пати. Тбилиси ги прекина дипломатските односи со Москва откако Русија ја призна независноста на отцепените региони Јужна Осетија и Абхазија по кусата војна меѓу Русија и Грузија во 2008 година.