Околу 35.000 сириски бегалци пристигнаа на турската граница

Околу 35.000 сириски бегалци пристигнаа во последните 48 часа на турската граница, во близина на градот Килис, и беа сместени во кампови од сириската страна на границата, информира денеска валијата на округот Килис Сулејман Тамсаз, цитиран од британските медиуми.

Валијата изјави дека може да се очекува пристигнување на уште 70.000 Сиријци, доколку армијата на режимот на Асад продолжи да напредува во градот Алепо, со поддршка на руските военовоздухопловни сили.Турските власти вчера почнаа да поставуват нови шатори во веќе изградениот камп во близина на границата за да го прифатат новиот бран сириски бегалци на турска територија, информираа француските медиуми.

-Прифативме околу 5.000 бегалци, други 50.000 до 55 000 се на пат и ние нема да ги оставиме, затоа што таму се изведуваат воздушни напади, силите на режимот, поддржани од иранските шиитски милиции, напаѓаат цивили, рече турскиот шеф на дипломатијата Мевљут Чавушоглу на самитот за мигранти во Амстердам.