Ердоган: Ќе ја отвориме границата со Сирија доколку биде неопходно

Турција е подготвена, доколку тоа биде неопходно, да ја отвори границата и во земјата да ги пушти десетиците илјади сириски бегалци кои останаа заглавени на границата откако побегнаа од нападите на режимот на Асад, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Сирискиот режим сега блокира дел од Алепо. Турција е под закана. Доколку дојдат до нашите врати и немаат друг избор, доколку тоа биде неопходно, ние мораме тоа да го сториме и ќе ги пуштиме кај нас нашите браќа, изјави Ердоган, по враќањето од Сенегал, пренесуваат денеска француските медиуми.

Турскиот премин на границата со Сирија, Енџипинар, остана затворен за илјадниците бегалци кои веќе трет ден чекаат да влезат во Турција, јавија француските медиуми.

„Но, границата и натаму е отворена за итните случаи“, изјави неименуван турски претставник, додавајќи дека седум повредени сириски бегалци во петокот биле префрлени во Турција заради лекување,а вчера било донесено уштеедно повредено лице.