Ирак: Нема да се гради ѕид околу Багдад

Ирачкиот премиер Хаидар ал-Абади ги отфрли плановите за изградба на ѕид околу главниот град. „Багдад е главен град на сите Ирачани. Не може да има ѕид или ограда за да се изолира или да се спречи други цивили да влезат во него.“ Тој рече дека Багдад ќе биде обезбеден преку реорганизирање на контролни пунктови и затворање на празнините во безбедносниот периметар при транзитот во и надвор од градот. Ирачката војска на 3 февруари соопшти дека подготвителните работи за безбедносна бариера околу Багдад се во тек, во обид да се спречат нападите на групата на Исламската држава. Милитантите на ИД во 2014 година заземаа големи делови од територијата северно и западно од Багдад. Тие преземаа одговорност за неколку напади во главниот град во последните месеци, целејќи ги силите за безбедност и шиитското мнозинство во земјата.