Попоски: Контролата на македонско - грчката граница е реалност

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски денеска учествуваше на неформалниот Совет за надворешни работи на Европската унија, посветен на западно-балканската мигрантска рута во Амстердам,

Попоски по состанокот изјави дека на средбата било потврдено дека контролата на македонско-грчката граница за заштита од бегалскиот наплив е веќе реалност. Тој истакна дека било позитивно тоа што и Македонија учествувала на овој значаен состанок на кој се разговарало за најклучните прашања поврзани со миграцијата.

„На наша страна, напорите беа најмногу посветени на конторла на границата и спреување на нелегалните текови и насочување на оние мигранти и бегалци што имаат основа да бараат азил во ЕУ, на центрите за регистрација и таму каде што треба да бидат процесуирани до земјите на крајна дестинација, посочи Попоски.

На седбата присуствуваа и шефовите на дипломатиите на земјите кандидати за членство во ЕУ на оваа рута: Македонија, Турицја, Србија и Албанија.

По завршувањето на „Гимних“-состанокот во Амстердам, Високата претставника на ЕУ, Федерика Могерини и претседавачот со Советот на Унијата, Берт Кундерс, на заедничка прес-конференција посочиле дека состанокот бил „плоден и корисен“ и дека истиот покажал дека ЕУ дели одговорност за бегалската криза: „или ќе најде или воопшто нема да најдеме решение“, рекла Могерини, посочувајќи дека денеска е испратена силна порака дека постои заеднички инструмент за справување со кризата во која сите се во ист брод и дека треба да развијат повеќе заеднички инструменти.

Четирите земји од Вишеградската група (Унгарија, Полска, Чешка и Словачка), за 15-ти овој месец закажале состанок на ниво на шефови на држави на кој се поканети македонскиот претседател Ѓорге Иванов и српскиот премиер Александар Вучиќ, чија цел е на билатерално ниво со македонската и српската држава да се договори заштита на ЕУ-границите и на Шенген-зоната.