Иран ја промени забраната за 1.500 кандидати за изборите

Иранското уставно надзорно тело ја промени забраната на 1.500 кандидати пријавени да учествуваат на парламентарните избори на 26 февруари. Иранските државни медиуми известија дека новата листа на одобрени кандидати, која сега брои повеќе од 6.200, била испратена во иранското Министерство за внатрешни работи. Минатиот месец уставното надзорно тело за проверка, составено од клерици и правници, дисквалификуваше илјадници умерени и рефомистички парламентарни кандидати, како и четири петини од кандидатите за телото кое ќе го избере следниоит врховен лидер на Иран. Таквата одлука го забрза спорот меѓу тврдокорното крило и реформиситичките фракции.